|
РЕПРО ЦЕНТАР
АПИЦЕНТАР е прва регистрирана институција во Република Македонија што работи на полето на селекција и производство на пчелен генетски материјал (≈700 матици и 200 нуклеуси) од македонска медоносна пчела APIS MELLIFERA MACEDONICA. Овој подвид (раса) на медоносни пчели ексклузивно се одгледува, по мајчина линија, само во АПИ-ЦЕНТАР каде генетската припадност се контролира преку ДНК анализа.
Во текот на годината сите пчелни семејства лабораториски (во лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина) се испитуваат за сите пчелни болести. Ова испитување се изведува во есен и во пролет следната година. Дополнително во центарот се спроведува ДОБРА ПЧЕЛАРСКА ПРАКСА преку која се обезбедува највисоко ниво на хигиена при производството на матици и нуклеуси.
Во центарот строго се контролира движењето на другите одгледувачи на пчели (гости во центарот), а работата со пчелните семејства е ограничена само на вработените во центарот.
Селекцијата во
центарот се изведува со помош на Селекциски индекс, а истата се води
во однос на следниве особини:
Целиот протокол на селекција се менаџира, а одгледувачката вредност на матиците се пресметува, преку специјално дизајнираниот компјутерски програм.
Евиденцијата дава информации за потеклото на матиците и трутовите во 6 генерации наназад. Потврда на информациите од педигрето се добива со морфометриска анализа и со суперконтрола преку ДНК.
Покрај споменатите контроли се користи и анатомска дисекција на одреден број матици за да се утврди количината на сперма во јајниците и квалитетот на спарување.
Центарот располага со 150 мини оплодници, 40 нуклеус оплодници, електричен инкубатор за матичници, компјутеризирана дигитална пчеларска вага, 4 Јентер апарати, 2 Никот комплета, комплети за обележување и друга потребна опрема и алат. |