ПРОЕКТИ НА ЦЕНТАРОТ

 

Во АПИЦЕНТАР, досега се реализирани и учествувано во поголем број проекти од најразличен карактер (апликативни, научни, едукативни, информативни и сл.). а во тек се исто така голем број на слични активности.

 

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

  • Современо пчеларство со поддршка на ГТЗ (2001/02)

  • Производство на матици со еднократно пресадување (2002)

  • Основање на Националниот сојуз на органски земјоделски          производители на Република Македонија (2002)

  • Иницијални активности за зачувување на агробиолошката разновидност во Република Македонија (2002/3)

  • Формирање на тренинг и репро центар за пчеларство (2004)

  • Анализа на состојбата со пчеларството во Република Македонија (2004)

  • Едукација (12 предавања) на одгледувачите на пчели од Пробиштип за производство на матици (2004)

  • Годишен менаџмент на пчеларска фарма (2006)

  • Едукација (6 предавања) на одгледувачите на пчели од Тетово за правилно зимување и пролетен развој на пчелните семејства (2006/07)

  • Одредување на расовиот диверзитет на медоносните пчели (Apis mellifera L.) на територијата на Република Македонија (2007)

  • Едукација за производство на матичен млеч (4 предавања) (2008)

  • Одредување најпогоден метод за производство на матичен млеч (2008/09)

  • Селидбено пчеларење (2008)

  • Потрошувачка на храна кај пчелните семејства во скопско во текот на зимскиот период (2008/09)

  • Компаративна анализа на квалитетот на матиците во Словенија и Македонија (2007/09)

  • Добра пчеларска пракса (12 предавања) - Берово (2008/2009)

  • Добра пчеларска пракса (12 предавања) - Битола (2008/2009)

  • Подготовка на Национална одгледувачка програма за пчеларство во Република Македонија (2008)

ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ

  • Основање и менаџирање на интернет порталот за пчеларство поддржан од МААСП (2008/2010)