|
ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ При Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, покрај редовните додипломски студии, се организираат и последипломски стидии од областа на пчеларството. Оваа последипломска група започна со организирање настава во текот на 2005 година и досега има запишано 3 последипломски студенти од кои досега 1 има магистрирано.
Последипломските студии се под раководство на Проф. д-р Хрисула Кипријановска, а во наставата учествуваат и други професори од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје.
За стекнување на магистерска титула од областа на пчеларството потребно е да се положат следните испити:
- Методологија на научна работа - Проф. д-р Мирче Наумовски - Статистика - Проф. д-р Сретен Андонов - Биологија на медоносните пчели - Проф. д-р Мирче Наумовски - Апитехника - Проф. д-р Хрисула Кипријановска - Медоносни растенија - Проф. д-р Лефтерија Станковиќ - Пчелни производи - Проф. д-р Хрисула Кипријановска и - Болести на медоносните пчели - Проф. д-р Мишо Христовски од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје.
Студиумот трае 4 семестари, а
покрај положувањето на споменатите испити потребно е да се подготви и
магистерски труд и истиот да се одбрани. За потребите на овие студии Факултетот
располага со најсовремена лабораторија за пчеларство.
Секој семестар чини 300 евра (денарска противвредност) и дополнително 500 евра за одбрана на магистерскиот труд или вкупно 1700 евра. Плаќањето може да се извршува и на повеќе рати.
На овие студии може да се запишат само лица со завршен сроден факултет од областа на агрономијата, биологијата, екологијата, шумарството и други.
За повеќе информации можете да се обратите до Проф. д-р Хрисула Кипријановска (02 3115 277 локал 204). |