НУКЛЕУСИ

НОВО

Поради зголемен интерес за набавка на нуклеуси, во 2012 година. роковите за пријавување на нарачки се од 01.01.2012 до 15.04.2012 година. Нарачките се пријавуваат САМО на nukleusi@apicentar.com.mk.

 

Поради големата побарувачка во 2010 година, за нуклеусите со матици од македонскиот подвид (Apis mellifera macedonica), АПИЦЕНТАР одлучи да ја намали цената на  истите од 3100 на 2800 денари. Воедно, нуклеусите со матици од локална селекција повеќе нема да се дистрибуираат.

 

Нуклеусите со матици од македонската раса (Apis mellifera macedonica), единствено во АПИЦЕНТАР (како единствен регистриран репро центар за пчеларство во Македонија), од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнаство се субвенционирани со 500 денари. На тој начин крајната цена на матиците од оваа генетика се достапни до нашите клиенти по цена од 2300 денари (до максимум 10 нуклеуси по клиент).

 

КОЛИЧИНА ЦЕНА НА НУКЛЕСУИТЕ(Apis mellifera macedonica) ЦЕНА НА НУКЛЕУСИТЕ СО СУБВЕНЦИИ (Apis mellifera macedonica)

Без разлика на бројот на матици

2800 денари

2300 денари

*Цените се со пресметан данок

 

За да можат одгледувачите на пчели да ги искористат субвенциите за нуклесуи од АПИЦЕНТАР, неопходно е да се исполнат основните услови за матици кои се пропишани во Програмата за финансиска поддршка на земјоделството (за тековната година).

 

Нуклеусите со матици од мајките родоначалнички од македонската раса (Apis mellifera macedonica) (проверени на молекуларни ниво - ДНК) во АПИЦЕНТАР потекнуваат од селекционирана линија која е во интензивен тест и покажуваат одлични одгледувачки и производни резултати. ДНК анализите се изработуваат во соработка со пчеларските институти во Словенија и Данска.

 

Со цел да се добие пониска цена по нуклеуси препорачливо е да се направат групни нарачки од повеќе одгледувачи на пчели или од пчеларски здруженија.

 


АПИЦЕНТАР претставува прва и единствена регистрирана институција во Република Македонија (Регистерски број 2/09 од 2004 год.) за селекција, одгледување, произ-водство и пласман на пчелни матици и нуклеуси.

 

Годишниот капацитет на центарот, во зависност од потребата, се движи од 150 до 200 нуклеуси, а истите се произведуваат во период од април до август секоја година. Нуклеусите се пласираат во Република Македонија.

Нуклеусите се пласираат со 5 рамки (3 легло и 2 мед) и целосна покриеност со пчели на истите. Нуклеусот има млада, селектирана и обележана матица (види МАТИЦИ), а истиот е спакуван во специјални пакети со неопходна вентилација.

Нуклеусот е пропратен со следите неопходни документи:

  • Матичен картон на матицата (педигре информација)

  • Уверение за ветеринарно-здравствена исправност

  • Упатство за воведување и користење на матиците и нуклеусите

  • Фискална сметка

  • Сметкопотврда и

  • Испратница 

Подигнувањето на нуклеусите се изведува од пчеларникот на АПИЦЕНТАР во Скопје или од паркингот наспроти Скопски Саем во Скопје.