|
НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ АКТИВНОСТИ
Во соработка со
Факултетот
за земјоделски науки и храна од Скопје
располагаме
со
единствената
специјализирана лабораторија
во Република Македонија за одгледување, селекција и генетика на
медоносните пчели, како и квалитет и здравствена исправност на
пчелните производи.
Во пчеларникот и
лабораторијата на АПИЦЕНТАР се изведуваат следниве
апликативно-научно-истражувачки активности:
-
Морфометриска
анализа на пчелите од Република Македонија
-
Одредување
потрошувачка на храна во зимскиот период
-
Одредување
биолошки и производни карактеристики на медоносните пчели од
Република Македонија
-
Поленска анализа
на мед
-
Анатомија на
медоносните пчели и др.
Нашата
институција
интензивно соработува со
Факултетот за земјоделски
науки и храна - Скопје, Институтот за
пчеларство - Кирхајн од Германија (Bieneninstitut
Kirchhain), Институтот за
пчеларство - Љубљана од Словенија, Институтот за
пчеларство од Шлагелсе (Slagelse) од Данска,
професионалната пчеларска фарма Vogelsberger Imkerei
од Германија и други
институции од областа на пчеларството од
Европа. |