МАТИЦИ

НОВО

Поради зголемен интерес за набавка на матици во 2010 година роковите за пријавување на нарачки се од 01.01.2010 до 15.04.2010 година. Нарачките се пријавуваат САМО на record@apicentar.com.mk.

 

Од 2009 година, покрај стандарните матици од локална (мешана) раса, АПИЦЕНТАР воведе нов производ - матици од чиста македонска раса APIS MELLIFERA MACEDONICA (проверени на молекуларни ниво - ДНК). Анализите се изработуваат во соработка со пчеларските институти во Словенија и Данска.

 

*Сите цени се со пресметан данок и без регрес (субвенција) од 50% (350 денари)

 

Со цел да се добие пониска цена по матица препорачливо е да се направат групни нарачки од повеќе одгледувачи на пчели или од пчеларски здруженија.

 

Матиците од АПИЦЕНТАР, како единствен регистриран репро центар за пчеларство во Република Македонија, се регресираат од страна на државата во висина над 50% (350 денари) од цената. Поддршката зависи од годишната владина програма за поддршка на земјоделството и за истата во 2010 година потребно е да се информирате во локалните канцеларии на Министерството за земјоделство во Вашата општина. АПИЦЕНТАР, во случај на промена на политиката за финансиска поддршка на земјоделството, не превзема никаква одговорност.

 


АПИЦЕНТАР претставува прва и единствена регистрирана институција во Република Македонија (Регистерски број 2/09 од 2004 год.) за селекција, одгледување, производство и пласман на пчелни матици и нуклеуси.

 

Годишниот капацитет на центарот, во зависност од потребата, се движи од 500 до 700 матици, а истите се произведуваат во период од април до август секоја година. Најголем процент (70) од матиците се пласираат во Република Македонија, додека 30% се пласираат во странство (Германија, Англија, Холандија, Србија, Турција, Грција и др.).

 

Селекцијата на матиците се води за 4 карактеристики (намалено одбранбено однесување или темперамент, намалена роидбено однесу-вање, зголемена отпорност на болести и производство на мед) преку совре-мени и апликативни тестови на пчелни-те семејства. Во центарот располагаме со матична евиденција и податоци (пе-дигре информации) за секоја матица во последните 6 години.

 

Селекцијата и одредувањето на одгледувачката вредност на матиците се изведува со помош на компјутерска програма. Целосното производство е организирано во строго контроли-рани хигиенски услови со што матиците и нуклеусите се слободни од болести. Во центарот се одгледуваат матици од 2 подвида (раси) и тоа од автохтоната APIS MELLIFERA MACEDONICA и APIS MELLIFERA CARNICA.

 

Македонската автохтона популација (APIS MELLIFERA MACEDONICA), единствено во АПИЦЕНТАР, се одгледува во чиста и селектирана популација. Контролата на расовата припадност се одредува преку анализа на митохондријалната ДНК (mtDNA) и морфометрија на предното десно крило.

 

Анализата на ДНК се изведува во Институтот во Шлагелсе (Slagelse) - Данска, а морфометријата се изведува во нашата лабораторија при Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

Матиците, произведени во АПИЦЕНТАР, секогаш се пропратени со следните неопходни документи:                

  • Матичен картон на матицата (педигре информација)

  • Уверение за ветеринарно-здравствена исправност

  • Упатство за воведување и користење на матиците и нуклеусите

  • Фискална сметка

  • Сметкопотврда и

  • Испратница 

Матиците секогаш се обележани со опалитни плочки и истите се пакуваат во специјални кафези со 7-10 пчели придружнички.