ЛАБОРАТОРИЈА

АПИЦЕНТАР, во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, располага со сопствена, нова и специјализирана лабора-торија за пчеларство во Република Македонија.

 

Основната дејност на лабораторијата е истражување и апликација на разни методи од областа на апитехниката, селекцијата и генетиката на медоносносните пчели.

 

                         

 

 

                                                   

Во лабораторијата се изведува:

  • инструментално осеменување на матици;

  • одредување расова припадност на медоносните пчели;

  • тестирање биолошки, репродуктивни и производни карактеристики на матиците и пчелните семејства (во комбинација со нашиот пчеларник);

Покрај споменатите полиња за истражување лабораторијата е оспособена со опрема и стручен кадар за анализа на квалитет на пчелни производи, но и за поленска анализа на медот.