КРЕДИТИ И ПРОЕКТИ

АПИЦЕНТАР, во соработка со консултантската фирма ТЕРА КОНСАЛТИНГ од Скопје, обезбедува поддршка при аплицирање за кредитни средства кај македонските финансиски институции. Оваа поддршка пред се обезбедува за одгледувачите на пчели, но и по потреба за другите земјоделски гранки.

 

Поддршката се состои во изработка на неопходниот Бизнис план за аплицирање, потоа комплетирање на документацијата, обезбедување регрес (субвенција) на каматна стапка и комуникација со финансиската институција (банки и штедилници).

 

Висината на кредитните средства, кои може да се обезбедат со наша поддршка, се движи во ранг од 1 000 до 250 000 евра. Досега, АПИЦЕНТАР во соработка со ТЕРА КОНСАЛТИНГ, имаат реализирано над 32 кредитни барања во вкупна вредност од 178 000 евра.

 

Заинтересираните одгледувачи на пчели потребно е да се обратат на наведените контакт адреси (најдобро e-mail) на АПИЦЕНТАР и да ги остават своите податоци. Целосното комплетирање на Бизнис планот се изведува во рок од 3 до 5 работни дена.

 

Висината на финансиската надокнада, 50% пред аплицирање и 50% по реализација, кон АПИЦЕНТАР е променлива и зависи од вкупната висина на инвестицијата (кредитот) и карактерот на истата.

 

Дополнително, по потреба на клиентите, АПИЦЕНТАР подготовува проекти од областа на пчеларството и земјоделството. Досега, имаме подготвено и реализирано 11 домашни и меѓународни проекти во вкупна висина од 330 000 евра.