|
ЕДУКАТИВНИ АКТИВНОСТИ
Покрај производството
на пчелен генетски материјал АПИЦЕНТАР организира и спроведува
теоретско-практични обуки
и проекти. Досега се подготвени
и реализирани 10-на едукативни проекти од краткорочен (1 месец) и
долгорочен (1 година) карактер.
На оваа проблематика
центарот соработува и со домашни и меѓународни експерти од областа
на пчеларството. Во соработка со споменатите експерти спроведени се
голем број на обуки (над 120) на следниве теми:
-
Започнување со
одгледување медоносни пчели
-
Преглед и работа
со пчелните семејства
-
Селекција на
медоносните пчели
-
Производство на
матици
-
Употреба на рамка
градежник
-
Добра пчеларска
пракса
-
Органско пчеларење
-
Анатомија и
физиологија на медоносните пчели
-
Раси на медоносни
пчели во светот
-
Матична евиденција
во пчеларството
-
Финансиска
евиденција во пчеларството
-
Борба против
Varroa Destructor со употреба на
оксална киселина и рамка градежник
-
Болести кај
медоносните пчели
-
Медоносна паша
-
Селидбено
пчеларење
-
Пролетен развој на
пчелните семејства
-
Зазимување и
зимување на пчелните семејства
-
Менаџмент во
пчеларството и др.
Центарот
соработува со трите биотехнолошки факултети од државата (Факултет за
земјоделски науки и храна - Скопје, Факултет за ветеринарсна
медицина - Скопје и Биотхнологоја - Битола) во однос на одржување на
практичните вежби во пчеларникот. Досега (за 4 години) едуцирани се
повеќе од 250 студенти од споменатите факултети.
Големо
внимание во центарот се посветува и на едукацијата на одгледувачите
на пчели од пчеларските здруженија. Така, редовно секоја година во
зимскиот период се одржуваат голем број на теоретски предавања низ
републиката.
Дополнително, во
пчеларската сезона се одржуваат и практични обуки во пчеларникот. На
барање на клиентите АПИЦЕНТАР организира и индивидуални обуки.

Предавањето надвор од
границите на Република Македонија (Србија, Бугарија, Хрватска,
Германија, Ирска и др.) е редовна активност на центарот.
|