МАЈ

Мај претставува месец во кој одгледувачите на пчели имаат најголем број активности во пчеларникот. Затоа во овој месец неопходно е да се направат следните работи:

  • максимално да се обезбедат услови за непречен развој на пчелните семејства со додавање на сотни основи

  • додавање и редовно отсекување на рамката градежник

  • редовна контрола (на секој 7-8 дена) на пчелните семејства од можна појава на роидбено расположение

  • хоризонтални и вертикални ротации на телата на кошниците

  • поставување на поленофаќалките

  • обезбедување максимална вентилација во кошниците

  • подготовки за производство на матици и нуклеуси

  • избор на локации за втора дополнителна паша на која треба да се преселат пчелните семејства веднаш после искористување на првата