|
АПРИЛ Април претставува месец во кој пчелните семејства го забрзуваат својот развој и во кој одгледувачите на пчели се поактивни во пчеларникот. Во овој месец потребно е:
Со цел да се стимулира матицата потребно е во интервал од секои 2 - 3 дена и со количина од 250 мл шеќерен сируп (1:1) да се прихрануваат пчелните семејства. Оваа прихрана треба да се применува до периодот од 10 дена пред главната медоносна паша.
За обезбедување на доволен работен простор во пчелните семејства и замена на старото саќе неопходно е да се воведат рамки со сотни основи или цели тела.
Со цел да се спречи појавата на роидбено однесување, одгледувачите на пчели потребно е: - да обезбедат максимална вентилација во пчелните кошници - да обезбедат максимален слободен простор (проширување) - да се замени старото саќе со нови рамки со сотни основи - да се воведат рамките градежници и - хоризонтално и вертикално да се ротираат телата. |