ЈАНУАРИ

Кога се говори околу потсетникот на работи, во месец јануари, претпоставуваме дека пчелните друштва се добро зазимени, пчеларникот обезбеден од присуството на стока и дека пчеларите ги прочитале претходните подглавја за тоа како пчелите зимуваат.

Основно правило е пчелните семејства, без голема потреба, да не се поместуваат или на било кој начин да се вознемируваат се додека се наоѓаат во зимското клубе. Само најнеопходните работи треба да се изведуваат со најголема можна внимателност.

Животот на пчелните семејства во јануари има посебна карактеристика, која во раниот зимски период ја нема, а која треба да се знае токму затоа што да можат да се преземат мерките кои одговараат. Имено, во текот на јануари, матицата може да почне со полагање на јајца  во ќелиите на сотот, па во такви случаи животот на пчелните друштва се менува во основа. Значително се зголемува потрошувачката на мед, а уште повеќе потрошувачката на поленовиот прав, затоа што пчелите работнички почнуваат да го хранат и негуваат леглото и да го забрзаат создавањето и одржавањето топлина на широко подрачје во кошницата, да го одгледаат леглото да не измрзне и пропадне. Зголемената потрошувачка  на храна  и забрзувањето на другите животни процеси во пчелното друштво, во кошницата предизвикува појава на поголема количина водена пареа и јаглендиоксид, поради што може да се појават во поголеми количини и да ја попречуваат нормалната работа на пчелните друштва.

Aко, во текот на јануари има повеќе топли денови и леглото се развие во поголем обем, може да се јави недостаток на храна кој се троши за исхрана и нега на леглото. Во прв ред тоа се троши за произведување матичен млеч. Често се случува во јануари да има многу случаи на недостаток од храна на поединечни пчелни друштва.

Понатаму, развојот на пчелното легло во поголем обем во јануари не е посакуван, затоа што ако се развие леглото и покасно силно залади, што кај нас е честа појава, пчелите работнички не се во можност да го покријат целото легло и да го загреваат во потребната мера, па ќе настане пропаѓање на леглото со сите штетни последици. Поради тоа пчелите работнички силно се вознемируваат, па нема да бидат во состојба да бидат активни  во подоцнежниот период кога е тоа најпотребно.

Сите изнесени и други причини условуваат, на пчелите во овој месец, да им посветиме целосно внимание. Еднаш на 2-3 недели треба да се погледнува пчелното друштво и да се види дали е во нормална положба. Како се прави зимски преглед опишано е во претходното излагање.

Ако се утврди дека нема доволно храна пчелното друштво треба да се прихранува со додавање зимски погачи. Оваа активност потребно е да се изведе во текот на некој ден со релативно високи температури од 3-8 C0. 

Доколку во текот на јануари биде кој тивок, сончев и топол ден, треба многу внимателно да се подигне телото на кошницата, така да подот остане на место и подот да се очисти од нечистотии и мртви пчели доколку ги има, па затоа повторно телото на кошницата да се врати на подот. Оваа работа треба да се изврши многу внимателно и во границите на можностите што побргу.

Ги потсетуваме пчеларите дека во зимскиот период треба да се искористи времето и да се прочита што повеќе пчеларска литература, затоа изработете детална анализа на работи во пчеларникот од претходната година, па на таа база и останатите елементи, направете програма на работа за наредната година. Врз база  на така разработена програма, што побргу набавете ги сите потребни средства за производство во наредниот период, а исто така да ги доведете во целосен ред постоечките средства.

Овој текст е подготвен во соработка со Миленковски Влатко, студент на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.