ОКТОМВРИ

Подготвено од Иван Додевски                                                     (студент на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и соработник на АПИЦЕНТАР).

Во овој месец пчелната паша е речиси целосно престаната, па поради тоа и матиците видно престануваат со полагање на јајца. Намалувањето на пчели или умирање на старите и истоштени е нормална појава во овој период од годината, бидејки пчелното семејство сега се припрема да зазими со млади и здрави пчели.

Многу битен фактор за зазимување на пчелите е и квалитетот и количината на храна, па затоа пчеларот мора да знае со колку храна располага пчелното семејство. Доколку има слабо семејство или обезматичено најдобро е да се изврши спојување на истото со некое јако семејство.

Одгледувачот на пчели, ако нема извршено доволно третирања против вароата, во овој месец може да направи дополнителни третирања, а бидејки леглото е намалено па така и ефектот од третирањето може да биде поголемо.

Одгледувачот на пчели мора да внимава најмногу при работата во пчеларникот да не предизвика грабеж, поради  немањето храна во природата и немоќта да се одбранат слабите друштва тие се лесно подложни на грабежи, а за таа цел може да ги намали летата во зависност од јачината на семејството и неговата способност да се одбрани при напад на пчели од соседните пчелни семејства. Доколку некоја од кошниците е стара, распукана и непогодна за зазимување на пчелите пчеларот  треба да ја замени со здрава  и дезинфецирана. Оваа активност се изведува наутро или пред стемнување поради ризикот од грабежи.         

Сета опрема која нема да биде во финкција треба да се складира во магацин и добро да се заштити од молци, глувци и други штетници.

Во овој месец можат да се посадат и медоносни растенија околу пчеларникот.